ВИДЕО | Шојгу го прашаа како ќе заврши војната, тој вели „како и секоја друга, со мир“

Сергеј Шојгу/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/KREMLIN POOL/SPUTNIK/ POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во интервју за „ТВ Звезда“ беше прашан како ќе заврши војната, на што тој одговори: „Секоја војна завршува со мир“.

Но, кога еден новинар прашал колку брзо може да се очекува мир во Украина, Шојгу не одговорил на прашањето и ја напуштил просторијата. Иако „ТВ Звезда“ првично објави видео од заминувањето на министерот за одбрана, тоа беше пресечено во подоцнежната изјава.

Западните аналитичари велат дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно планира да ја одолговлекува војната што е можно подолго, со надеж дека западната поддршка за Украина ќе ослабне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот