ВИДЕО: Шкупи води со 2:0 по првото полувреме против Линколн Ред Импс

Македонскиот шампион Шкупи го очекува можниот противник во 3. квалификациско коло во ЛШ/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

После првите 45 минути македонскиот првак Шкупи води со 2:0 против претставникот на Гибралтар, Линколн Ред Импс.

Чаирчани покажуваат на теренот зошто се фаворити во овој двомеч против Гибралтарците.

Првиот гол беше реализиран во 11 минута со убавиот гол на Данфа кој се ослободи од неколку противнички играчи и од околу 15 метри ја смести топката во мрежата на Колеинг. Асистент на голот беше Шеји.

Во 29 минута најдобриот стрелец во македонскиот шампионат за минатата сезона, Адетунџи со прекрасен погодок ја зголеми позитивата после асистенцијата на Хамиди.

Во првото полувреме имаше само еден жолт картон кој го доби домашниот играч Маргвелашвили непосредно пред паузата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот