ВИДЕО: Шкендија минимално поразена од Динамо Киев!

instagram.com/fcshkendija

Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната, денеска во Анталија во пријателски натпревар Шкендија загуби со 0:1 (0:0) од Динамо Киев.

Украинскиот гигант кој го знаеме по редовните учества во групните фази од Лигата на шампионите и Лига Европа, дојде до триумфот со голот на Леднев во второто полувреме.

Играчите предводени од Ернест Ѓока во претходните контролни мечеви ремизираа 1:1 со Кајсар Кизилорда (Казахстан), ист резултат имаа и со Зорја Луханск (Украина), а претрпеа пораз од украинската Десна (3:1).

Тетовските „црвено-црни“ се моментно првопласирани во Првата македонска лига, и најавија дека сезонава ќе се борат за шампионската титула.

Голот на Динамо Киев можете да го погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот