ВИДЕО | Шишовски: Мицкоски досега паразитираше на постапките на Заев, сега мора да излезе со визија

Јордан Шишивски / Утрински брифинг

Какви се погледите и анализите, како ќе излеземе од оваа пат позиција, со старо ново мнозинство или со вонредни избори, во денешен Утрински брифинг го прашавме професорот Јордан Шишовски.

-Вонредни парламентарни избори се ризична работа, со оглед на тоа што имаме енергетска, здравствена и политичка криза. СДСМ треба да одат на широка влада, на нова влада. Но, поважно е да понудат нова визија, вели Шишовски.

Тој вели дека оставката на премиерот Зоран Заев го разниша легитимититот не само на власта туку и на опозицијата.

-Мицкоски досега паразитираше на постапките ан Заев, а сега мора да излезе со некаква визија. Кризата е поширока отколку само во СДСМ. За СДСМ тоа е подолгорочна криза во однос на идентитетот на партијата пред сѐ во однос на идеолошката база. СДСМ иако социјалдемократска, ги застапува интересите на бизнисмените а не на работничката класа, а тоа го видовме и преку кадровските решенија, вели Шишовски за Утрински брифинг.

Шишовски не негира дека дијалог треба да има со бизнисот, но смета дека клучни места во владата не се даваат на луѓе од крупниот капитал. Затоа СДСМ сега мора да покаже интерес за работничката и средната класа. Тој предлага да се врати солидарниот данок.

За тоа дали просторот на социјалдемократите ќе го пополни Левица, Шишовски вели дека токму неуспехот на СДСМ да биде социјалдемократска го овозможи подемот на „оваа псевдо-левичарска партија за која знаеме дека не е левичарска“.

-Премногу се надеваме во европските интеграции, но гледаме дека таму нема таков интерес за проширување. Уште Шредер рекол дека со Хрватска завршува проширувањето. Власта да си ги заврши работите дома, а да не се надева на Брисел, вели Шишовски за иднината на евроинтеграцијата.

Тој смета дека ние сме ставени пред свршен чин од нашата политичка елита која нема визии и чека од некои таму бирократи во Брисел.

-Не требаше да се покаже сервилност ни во однос на Грција ни во однос на Бугарија, но требаше да се понудат други европски алтернативи, вели Шишовски.

За локалните избори проф. Шишовски коментира дека обичните граѓани ги зедоа работите во свои раце, покажаа зрелост и излегоа како самосвесни граѓани на изборите.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот