ВИДЕО | Шишовски: Ако се случи амнестија, за што има одредени сигнали, тоа ќе биде многу лошо, катастрофално – за државата

Македонија е мешовит систем, имаме парламентарна демократија, но имаме и елементи на претседателски систем , што значи претседателот има големи овластувања, што не значи дека владата и претседателот треба да се мешаат во работата едни на други, изјави во Утрински брифинг архитектот и филозоф, Јордан Шишовски.

-Ако се случи амнестија, за што има одредени сигнали тоа ќе биде многу лошо, катастрофално – за државата, посебно за она чувство на неказнивост и чувството дека луѓето поврзани со партиите се на некој начин заштитени повеќе од другите. Особено лошо ќе биде по кариерата и наследството на самиот претседател Пендаровски, додава Шишовски.

-27 април , Клиничкиот центар се прашања за кои треба да се разговара во Парламентот. Претседателот треба да се занимава со големите теми. Минатата недела се случи серозно заострување на безбедносната ситуација помеѓу НАТО и Русија. Претседателот беше должен да ја искаже својата позиција. Ние позицијата на државниот врв ја дознавме преку твит на министерот за надворешни работи што е несериозно, вели Шишовски.

-Ситуацијата во Парламентот е полоша од минатите години. Одсекогаш опозицијата се однесувала деструктивно што е израз на политичка некучтура, но во ситуација кога имаме пандемија каде голем број на граѓани се директно засегнати од тие работи што треба да се донесат во Собранието е крајно несериозно и деструктивно однесувањето на опозицијата, смета Шишовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот