ВИДЕО | Шилегов: Скопје ќе биде град со целосно решен сообраќаен хаос

Петре Шилегов
Петре Шилегов / Фото: Скриншот, Јутјуб

За четири години од сега, Скопје ќе биде град со целосно решен сообраќаен хаос. Во изминативе четири години преземавме темелно планирани и храбри чекори, а во следниот ќе ги довршиме и ќе ги решиме проблемите за наредните 50 години, истакна на денешната прес-конференција актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов.

Шилегов рече дека ако работат со овој интензитет со кој што работеле во изминативе четири, за следните четири години на скопјани ќе им понудат квалитетни инфраструктурни решенија градени по најдобри светски стандарди.

– Во центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа, од Собранието до Палома Бјанка, од Стара железничка до Бит-пазар. Конечно почнуваме со пробивање на булеварот „Макеоднија” или т.н. Јужен булевар, кој што како ултрамодерна подземна сообраќајница која гради, ќе завршува кај Католичката црква на кружниот тек. За една голема ротонда ќе се изгради кај Нова Македонија, две ротонди кај „Бихачка” и „Макпетрол” со цел да се остапи на движење исток и запад на граѓаните на Кисела Вода, и Карпош. Од Кисела Вода до Карпош за помалку од пет минути. Се отвора можност за уредување со овој проект на јавниот простор и дополнително негово хуманизирање со нови велосипедски пешачки патеки и со нови дрвореди. Целосно го завршуваме булеварот „Словенија” во северниот дел на нашиот град, кој што ќе оди до Волково и до Ново Село, а ќе биде поврзен со мостот кој веќе се гради во Карпош 4 на улица „Илинденска”. Овој е многу битен коридор за индустриската зона во Визбегово каде што работат преку 2,5 илјади наши сограѓани, рече Шилегов.

Тој потенцираше дека улицата „Цветан Димов” во Чаир ќе стане булевар со шест коловозни ленти, зеленило, со велосипедски и пешачки патеки и дрвореди, за кој во тек е проектирањето, а наредната година се очекува неговата изградба, како и дека започнува имплементацијата на решението на Бас рапид транзитот за оската север и југ.

Шилегов информира дека во Градот Скопје веќе се работи студијата за денивелизација на раскрсницата кај „Мавровка”, имајќи го предвид целокупниот сообраќај кој што таму се одвива, со цел тој да се нивелизира на начин кој што ќе биде безбеден од една страна, а од друга ќе им овозможи на граѓаните слободно пешачко-велосипедско движење во тој дел.

– Со имплементација на Бас рапид транзитот на оската исток запад од ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе се обнови целосно мостот на Обединети Нации, ќе се прошири на шест ленти од кои што веќе служат за движење на Баџ рапид транзитот, затоа овде превидуваме изградба на нов челичен мост за побрзо и поефикасно да го решиме стариот горлив проблем на мостот Обединети Нации. Наскоро го пуштаме во употреба мостот на булеварот „АСНОМ”, булеварското решение кое што во моментот го работиме од Ќерамидница кон Аеродром и ќе биде пуштено во употреба во јуни. Со оваа спојуваме три наши општини Аеродром, Центар и Гази Баба.

Тој потенцираше дека одржливата урбана мобилност во градот е императив на нговиот тим од кој нема да отстапат и во наредните четири години. Шилегов посочи и дека овие се реални, остварливи и добро испланирани сообраќајни решенија кои долгорочно го надминуваат проблемот со сообраќајниот хаос во градот.

Ветувањата на неговата противкандидатка Данела Арсовска за бесплатен јавен превоз и 250 нови автобуси, Шилегов ги оцени како утопија.

– Утопија се ветувањата на Арсовска за бесплатен јавен превоз и за 250 нови автобуси. Бас рапид транзитот е добро испланиран организиран систем на транспорт на луѓе кој што е во фаза на имплементација, одобрен од најдобрите светски струњаци, консултанти на ЕБРД. Бордот во Лондон го одобри како најзелен проект што е финансиран од Европска банка за обнова и развој во последните 30 години. Зборуваме за брз, евтин, еколошки јавен транспорт на луѓе. Од другата страна, некој што сака да се прикаже пред скопјани за добар менаџер, во недостиг на знаење и познавање нуди брзоплети и мегаломански ветувања. Тоа е карактеристика на лошите менаџери – сопствената неспособност да се обидеш да ја сокриеш со лажно мегаломанско ветување, рече тој.

Шилегов на неговите противкандидати им порача и дека треба да престанат да ги потценуваат скопјани. – Скопјани се луѓе кои што живеат во град што бара решенија, не бара импровизации, не бара брзоплетости, не бара мегаломанство, рече Шилегов.

Извор: МИА

Шилегов: Бесплатен градски превоз за пензионери, медицински транспорт, пакет за младите и идните родители

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот