ВИДЕО | Шилегов: Грешката со просторот спроти Холидеј Ин е направена, тоа е приватна, а не јавна површина

Просторот кај Холидеј ин е сериозно девастиран. Таму живеат околу 2.000 луѓе во субстандардни услови а се во епицентарот на градот. До пред некоја година немаа канализација. Тој простор е веќе бетониран, значи не е девастација на парк за сметка на градба. Јас кажувам градот кога го правел ГУП-от во 2012 година таму за жал или за среќа е предвидено да биде место кое што ќе биде изградено. Кога се прави еден ГУП градот се дели на чеврти. Повеќе четврти прават еден ДУП. Ако има отстапувања на ДУП од параметрите кои што се предвидени во ГУП, тогаш секој можеда побара од комсијата надлеќна во општината Центар да изготви елаборат за суспензија по основ на зголемени параметри на ДУП-от и по основ на тоа Советот на општината да донесе одлука со која што се суспендира ДУП-от во тој дел кад ешто се пречекорувањата и таа е постапката која што ја имаме. Не е во мои ингеренции да го суспендиран ГУП и не постои таков акт. ГУП е врвот на уранизмот и во 2012 кога е носен, за оваа посочена локација што е сега спорна е предвидено да има колективно станување и деловен простор. Значи не можете да го суспендирате ГУП-от, но можете да го суспендирате ДУП-от, ако тој излегува над параметри, изјави за Утрински брифинг, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Општините кои имаат ДУП-ови кои излегуваат надвор од вредностите на ГУП-овите се должни да изработат елаборати и да поднесат барање за суспензија, вели Шилегов и додава дека од формален аспект градоначалникот на градот нема ингеренции да наложи на општините одредено поведение.

-Размислувањата мои можат да бидат само мои размислувања, но не може да бидат суспензивни, рестриктивни за општините. Плацот кај Холидеј Ин не е јавна површина. Јавна површина и јавен интерес се категории кои се предвидени во законот и тука не правиме компромиси, но ова е приватна површина. Тука имаме механизми да ставиме котрола да не ни забега работите во смисол на проекти, рече Шилегов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот