ВИДЕО: Шест ракети ја потресоа Одеса, густ црн чад се издига над градот

Фото: Твитер/принтскрин

Шест руски проектили денеска го погодиле украинскиот пристанишен град Одеса, изјави портпаролката на јужната воена команда на Украина.

На снимка која на Твитер ја објави шведскиот дипломат Карл Билд, се гледа како над градот се креваат густи облаци од црн чад.

Билд во коментар на твитот вели дека е јасно која е стратегијата на Русија – да продолжи со бомбардирање на градот, кој во еден момент би бил освоен и вклучен во руската окупациска зона во Украина.

Портпаролката Наталија Хуменјук рече дека четири ракети погодиле фабрика за мебел сместена во станбен кварт, додека другите две оштетиле аеродромска писта. Информациите за жртви се проверуваат.

Портпаролот на регионалната управа на Одеса, Сергеј Братчук, претходно кажа дека регионот на Одеса го погодиле четири проектили, но дека нема жртви. Агенцијата Ројтерс наведе дека тие извештаи во моментов не може да се потврдат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот