4 C
Скопје

ВИДЕО: Шеријатската сопруга на озлогалсениот ИСИС-овец Лавдрим Мухаџери се исповеда пред јавноста

По меѓународната соработка на албанскиот државен врв со властите од Либан и други земји, на тлото на Албанија се вратија четири деца и една жена од сириските кампови.

Флореша Раша, која на аеродромот во Ринас стигна во инвалидска количка, својот венчан сопруг од Албанија го загуби на боиштата во Сирија. Според законите на шеријатот таа станала сопруга на терористот Лавдрим Мухаџери, познат како лидер на албанските борци во Сирија во редовите на ИСИС.

Таа, во авионот кој леташе од Бејрут кон Тирана на новинарот на Топ Чанел, му кажа дека неколку години живеела како жена во Исламската држава и дека скоро една година живеела во исчекување да се врати дома.

Прочитајте и...  Онлајн работилница за предизвиците со кои се соочуваат новинарите за време на ковид кризата

Нејзините деца се добро, раскажува Флореша. Дури и нејзиниот најстар син е добро.

Во Сирија, Флореша преживеала оружен напад. Неа ја погодило огнено оружје токму во момент кога се молела. Од тогаш, повеќе од една година била во болница заради прострената рана. Во меѓувреме добила вест дека и нејзината ќерка е убиена.

Флореша вели дека постојано живееле во страв.

„Се плашевме дека кога сакаат можат да не стават во затвор, ќе нè тепаат и ќе прават што сакаат со нас.“

Таму, како што вели, Курдите затвориле еден од нејзините синови.

„Мојот син беше однесен и задржан во затвор 4 месеци. Не само мојот син, туку и сите момчиња постари од 12 години. Го ослободија сега“ изјави Флореша.

Прочитајте и...  Кузеска: Трагично и срамно е Мицкоски да го цитира Славко Јаневски, кога ВМРО-ДПМНЕ го лустрираше

Флореша Раша раскажа дека нејзиниот прв сопруг, Дијамат прв заминал во Сирија. Таа не знае зошто и како стасал таму, но по 6 месеци откако стасал се договориле таа со децата да оди таму на посета. Според нивниот план таа требало да остане таму три месеци.

„Отидов да се сретнам со сопругот, да останам 3 месеци и да се вратам, но не можев да се вратам“ рече Флореша.

Видно возбудена, на патот кон дома, жената нема коментар дали жали што воопшто го послушала сопругот Дијамант и отишла таму. Вели: „Не знам, не знам што да кажам“.

Сепак, постојано била исплашена. Таа била домаќинка, дури и во моментот кога била застрелана во нејзиниот дом немала никаква комуникација со нејзиното семејство.

Прочитајте и...  Самит Македонија 2025: Новите вакцини против ковид-19 се добри, но да бидеме внимателни

„Беше невозможно. Нема телефон, нема ништо. Ми недостасуваа татко ми, мајка ми, сестрата, братот. Целото мое семејство“ рече Флореша.

Рама во Бејрут за реадмисијата на четири деца и жена од кампот Ал Хол во Сирија

Рама во Бејрут за реадмисијата на четири деца и жена од кампот Ал Хол во Сирија

 

Поврзани вести

Пожар во болница во Москва: Најмалку две лица загинаа, повеќе од 20 се евакуирани

Слободен печат

АМСМ: Сообраќајот по наместа влажни коловози

Слободен печат

Полициска операција во Рим, уапсени се 28 членови на криминална организација

Слободен печат

Силен земјотрес во Турција

Слободен печат

Нови рестриктивни мерки во Србија, угостителите повторно на удар

Слободен печат

Почина Валери Жискар Д’Естен

Слободен печат

Остави Коментар