ВИДЕО | Шекеринска за промените во СДСМ и во Владата: Да не ги менуваме само картите на масата, туку да ја промениме и играта

Радмила Шекеринска министерка за одбрана - фото: Слободен печат - Драган Митрески

Потреба е промена во политиката, а не само кадровски промени во прв и втор ешалон, децидна е министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на прашањето за новото парламентарно мнозинство и дали Заев ќе биде мандатар на новата влада. Таа се осврна и на состојбите во СДСМ.

-Ние мора да обезбедиме и да покажеме ново парламентарно мнозинство, а каква ќе биде структурата и во пресрет на она што ќе се случува во ЕУ, потребна е политичка стабилност и предвидливост, и во таа смисла тоа ќе бидат првите промени, владиниот состав, прв ешалон, втор ешалон, но е само еден дел од приказната. Вториот е внатрекоалициско прашање и внатре во СДСМ. Јасно е кај сите нас дека треба промена која нема да биде само кадровска. Многу често енергијата ќе се потроши во промена на картите на масата, ама ние треба да ја промениме и играта. Тоа значи дека треба да ги преиспитаме некои од нашите политики, нагласи министерката Шекеринска.

Таа нагласи дека важно е за споменување тоа што во државава четири пати по ред имаме изборни циклуси на кои нема посериозни критики што значи дека квалитетно се занимаваме со изборниот процес, а премиерот излезе и без многу врева и притисок да ја честита победата на опозицијата и тоа, според неа е зреење, тоа е нов станадард во македонската политичка сцена.

-На овој пат СДСМ покажа дека учел од своите грешки и тие лекции треба да ги научи во другите сфери, да направиме сериозна анализа што функционирало, што не функционирало, рече таа.

Во однос на кадровските во партијата и поделбите на скопско и друго крило, Шекеринска нагласи дека тоа се само шпекулации и површни дебати.

-Ние стануваме површни зошто дебатата ни е површна, повеќе за политиката, и каде ќе има поместување, отколку се да сведеме на кадар. Може да имате одлични министри, феноменални директори, но ако политиките со кои се занимаваат се губење на време, ќе останете во истата мртва точка. И да, Метлите секогаш се поатрактивни, и кај нас во партијата. Но мислам дека ни треба малку повеќе занимавање со суштина, во владата и во СДСМ, а потоа и во јавноста. Се додека не ви даваме месо, занимацијата ќе биде со шпекулации, рече Шекеринска коментирајќи ги состојбите во партијата каде, како што рече оние што малце работат, повеќе оговараат и треба таа енергија да се пренасочи.

За коалциониот партнер во владата ДУИ Шекеринска одговори:

-Очигледно е дека во собрание, и меѓу албанските политички партии Беса и Алтернатива, прашањето на ДУИ како прашање да се биде или не, ги добивате или губите на таа тема. И ние ги имавме тие дебати во партијата пред изборите во 2020 година. Мојот став е конзервативен. Кога ќе се направи коалиција и кога знаеме за што соработуваме, кога сме се договориле кои се приоритетите треба да има доверба и тимска игра. Јас во тоа искрено верувам и пред овие избори и во владата постои тимски дух дури и во коалицијата со Беса, немавме крупни разијдувања на полтички план, рече Шекеринска додавајќи дека критиките се упатувани не поради политичките избори на партиите, туку поради политилки стил на однесувањене за затоа што едно се зборува, а друго се прави.

Таа се осврна на проблемот со илјадниците административци кои со години не одеа на работа, а земаа плата од буџетот. Дел од нив се преземени во Министерството за одбрана и, рече Шекеринска, тие сега доаѓаат на работа и си работат.

Проблемот со ДУИ таа го лоцира во нивните кадровски решенија што не се квалитетни и тоа создава проблем и кај СДСМ.

Во однос на новата влада во Софија и проблемот со Бугарија Шекеринска рече дека треба да се почека да се конституира, а потоа да се види што понатаму.

-Еден дел од вестите од Софија беа добри. Ако добијат шанса луѓе со порационален пристап кон нас нема да биде лошо. Оние кои градеа изборна кампања против Македонија изгубија и тоа е добро за нас. Факт е дека секоја следна влада ќе биде прилично комплицијрана, ако само фактор има поинакви ставови кон Македонија. Ќе следува поминување низ иглени уши, но доволно е да се подотвори вратата и да се искористи таа шанса. Полесно е да се биде скептичен и песисмист, но Бугарија си загуби многу од европските фондови поради политиката кон Северна Македонија, децидна е Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот