ВИДЕО | Шекеринска разговараше со Кејт Мидлтон во Бакингемската палата

Фото: Принтскрин

Вицепремиерката и Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, сподели видео од британскиот медиум Daily mail, на кое е снимена како разговара со сопругата на принцот Вилијам, Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Шекеринска откри дека на средбата со Војвотката разговарале за нашето членство во НАТО.

„Разговор за #MKinNATO во Buckingham Palace со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.#NATOLondon“, напиша Министерката за одбрана на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

https://www.facebook.com/watch/?v=440410940190856

 

Премиерот Зоран Заев и владината делегација веќе втор ден се во Лондон, а причината е Самитот на НАТО, на кој алијансата одбележува 70 години постоење. Македонското знаме за прв пат се вее меѓу знамињата на останатите 29 членки на алијансата, што испишува нова историја за нашата земја. Покрај приемот кај Кралицата Елизабета II, премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица вчера ја посетија и резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот