ВИДЕО | Шегобиецот Пандев: Да ги тргнеме кока-колите, да ставиме „Струмка“!

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Поместувањата на шишенцата во текот на прес конференциите стана хит на Европското првенство, започнувајќи од Кристијано Роналдо кој ги тргна двете шишенца „Кока-Кола“, препорачувајќи: „Пијте вода“.

А таквиот потег на Португалецот ја чинеше „Кока-Кола“ дури четири милијарди долари. Потоа, се продолжи со францускиот репрезентативец Погба кој не беше против кока-колите да стојат, но го тргне шишенцето пиво „Хајнекен“.

Рускиот селектор Черчесов не сакаше да го копира Роналдо и на свој начин одлучи да се освежи после победата над Финска.

Имаше ред други реакции од останатите репрезентации околу шишенцата, а на сето тоа одлучи да се пошегува и македонскиот репрезентативец Горан Пандев пред последниот прес за дуелот во Амстердам.

– Да ги тргнеме кока-колите, да ставиме „Струмка“ – рече Пандев на чии зборови се насмеа и селекторот Игор Ангеловски.

ХИТ ВИДЕО: И во Тајланд тераат мајтап со Роналдо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот