ВИДЕО: Шефот на кабинетот на Трамп – „Нема да ја контролираме пандемијата, ќе има вакцина“

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Шефот на кабинетот на американскиот претседател, Доналд Трамп изјави денеска дека САД „нема да ја контролираат пандемијата“ на коронавирусот, по најавата дека со тој вирус е заразено опкружувањето на потпретседателот Мајк Пенс.

„Еве што ќе направиме. Нема да ја контролираме пандемијата, ќе контролираме тоа да имаме вакцина, терапија и други средства за ублажување на болеста“, рекол шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоуз за американската телевиска мрежа Си-Ен-Ен.

Медоуз додал дека вирусот е заразен како грипот.

Камала Харис која е кандидат на демократите за потпретседател на САД, веднаш ја критикуваше администрацијата на Трамп.

„Признаа неуспех. Тоа е најголемиот неуспех на администрација во историјата на Америка“, рече таа.

Трамп беше критикуван до многу заради тоа што ја минимизираше важноста на епидемијата на коронавирусот и често го споредуваше со сезонски грип. Американскиот претседател и самиот беше заразен на почетокот на месецов.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот