ВИДЕО: Шанса која Реал и Барса не смеат да ја пропуштат, Атлетико го губи здивот

epa09116217 Sevilla's Argentinian defender Marcos Acuna (L) celebrates after scoring the 1-0 lead during the Spanish LaLiga soccer match between Sevilla FC and Atletico de Madrid at Ramon Sanchez Pizjuan stadium in Seville, Andalusia, Spain, 04 April 2021. EPA-EFE/Julio Munoz

Трката за титулата во Ла Лига се вжештува по поразот на лидерот Атлетико Мадрид.

Фудбалерите на Севиља во дербито на 29. коло во Ла Лига  на својот „Рамон Санчез Пицхуан“ стадион го совладаа Атлетико Мадрид со 1:0.
Со овој пораз, Атлетико буквално ја загуби големата предноста на табелата која во одреден дел од сезоната изнесуваше и 10 бодови. Но, доколку Барселона утревечер го совлада Ваљадолид, тогаш ќе дојде на само еден заостаток зад Атлетико. Исто така не треба да се отпише ниту Реал Мадрид кој има 63 бодови, само три помалку од градскиот ривал.
Со вечерашниот кикс, Атлетико не само што ја загуби предноста на табелата туку до крајот на сезоната го очекуваат тешки гостувања кај Бетис, Атлетик Билбао и Барселона и со тоа ја губи и пол позицијата во трката за титулата.

Фудбалерите на Севиља тргнаа агресивно на дербито и веќе во осмата минута пропуштија голема шанса да поведат. Иван Ракитиќ беше соборен во шеснаесетникот на Атлетико, а судијата Хил Мансано покажа на белата точка. Сепак, Јан Облак го прочита шутот на Окампос и спречи водство на Севиља.
Домашниот тим продолжи да доминира, и во првиот и во вториот дел, а наградата за одличната игра дојде во 70. минута кога Хесус Навас одлично центрираше и го пронајде Акуња кој со глава стрелаше за 1:0, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот