ВИДЕО: Шампионска петарда на Интер

Миланските „нераѕури“ го најдоа наследникот на Ромелу Лукаку/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во првиот натпревар на „Џузепе Меаца“ како нов италијански шампион, Интер оствари убедлив триумф од 5:1 против Сампдорија.
Иако немаше резултатски императив, „нераѕурите“ воопшто не му пристапија „лежерно“ на натпреварот и Гаљардини уште во четвртата минута го отвори резултатот. Потоа во 26. минута истиот играч му асистираше на Алексис Санчес. Почесниот гол за Сампдорија го постигна екс играчот на Интер, Кеита Балде во 35. минута, но веќе во наредниот напад Санчес постигна уште еден гол.
Во второто полувреме, Интер даде уште два гола, Пинамонти во 61. минута зголеми на 4:1, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез од пенал.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот