ВИДЕО: Шампионот во АБА 2 лигата ја прекина победничката низа на Пелистер

фото: Nikola Vuruna/ABA League J.T.D

Актуелниот шампион на втората јадранска лига, Златибор ја прекина победничката низа на Пелистер од Битола со резултат 75:69. На турнирот во Бања Лука, во третиот натпревар одигран во салата „Борик“ Пелистер беше ослабен со неиграњето на двајца играчи од стартната петорка.

Златибор одигра подобра одбрана, „исклучок“ направи ефектот на Карутерс, кој запиша 10 од вкуно 27 поени кои „зелено-белите“ ги реализираа во првите 20 минути од овој меч од 10 коло во АБА 2 лигата. Противникот одржуваше двоцифрена предност, така беше и на крајот на третата четвртина (56:46), а во последната Пелистер имаше подобри перформанси.

Со серија од 12:1 екипата од Битола дефинитивно се врати во натпреварот. И повеќе од тоа, го презема водството (58:57), за нецели четири минути играње во периодот на одлука. Карутерс доби поентерска поддршка од Карпентер и Маслинко кои во голема мерка го надополнија отсуството на Стајиќ и Хаџифејзовиќ.

По поените на Двојаковски, Пелистер поведе и со 62:60, но како да остана без потребната енергија во последните четири минути. Оние решавачки во кои Златибор направи серија од 11:2 која му донесе водство на Златибор од 71:64 за триумф. За македонскиот кошаркарски клуб Карутерс постигна 22 поени, по седум скокови и асистенции, а на спротивната страна за српската екипа Протиќ беше најефикасен со 23 поени и четири асистенции.

Пелистер моментно има учинок од шест победи и четири порази пред последните три кола од АБА 2 лигата, во кои составот на тренерот Марјан Илиевски треба да го потврди пласманот во ТОП 8 односно во плеј-офот. Нема да им биде лесно затоа што за противници ги имаат екипите на Крка, Слога од Краљево и Подгорица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот