ВИДЕО: Шампионот Милвоки демолиран во Мајами, „воините“ ги средија и Клиперси

Мајами го растури актуелниот шампион победувајќи го со 42 поени разлика/фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Актуелниот шампион Милвоки бакс доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Мајами со дури 42 поени разлика, 137:95. Кошаркарите на Мајами дилемите околу победникот ги решија во првата четвртина која ја добија со 40:17, а во еден момент на семафорот стоеше 29:5.

Тајлер Хироу со 27 поени беше најдобар кај „жешките“, Џими Батлер постигна 21, додека Бем Адебајо имаше дабл-дабл од 20 поени и 13 скокови. Кај Милвоки, Јанис Адетокумпо беше прво име со 15 поени и 10 скокови.

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс по триумфот на стартот од сезоната над ЛА Лејкерс, сега го совладаа и вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси и тоа со 115:113.

Овој пат „воините“ славеа на домашен терен, а иако во одреден момент имаа и 19 поени преднос, победата ја обезбедија во последната минута. Стеф Кари погоди две тројки по ред за водство на Голден Стејт од 111:109, а потоа Дрејмонд Грин и токму Кари од линијата за слободни фрлања ја обезбедија победата.
Стеф Кари беше неверојатен со 45 поени и 10 скокови, Ендрју Вигинс даде 17 поени за Голден Стејт, додека кај ЛА Клиперс Пол Џорџ имаше учинок од 29 поени и 11 асистенции.

Атланта хоукс со убедливи 113:87 го победи Далас маверикс во својот прв натпревар на домашен терен во новата сезона. „Јастребите“ од стартот на втората четвртина го презедоа водството, а одлучувачката предност ја направија во третата четвртина кога со серијата од 15:0 дојдоа до недостижни 70:49.
Кем Редиш со 20 поени беше најпрецизен кај Атланта каде се истакна и Тре Јанг со 19 поени и 14 асистенции, додека кај Далас Лука Дончиќ имаше 18 поени и 11 скокови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот