ВИДЕО: Шампионот елиминиран во првата рунда, Јокиќ го елиминира Портланд

epa09232353 Phoenix Suns guard Devin Booker (L) in action against Los Angeles Lakers forward-center Anthony Davis during the second quarter of the game 3 of the NBA playoffs between the Phoenix Suns and the Los Angeles Lakers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 27 May 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

За прв пат во својата 18-годишна кариера, Леброн Џејмс е елиминиран во првата рунда од плеј-офот.  Неговиот ЛА Лејкерс е елиминиран од Феникс санс со 4:2 во победи откако во шестиот натпревар „сонцата“ славеа со 113:100.

Најзаслужен за елиминацијата на шампионот е Девин Букер кој постигна дури 22 поени во првата четвртина кога беше решен победникот. На средина од втората четвртина предноста на Фенис изнесуваше 29 поени, а лејкерси успеаја само да намалат на 10 поени во последната четвртина.
Ентони Дејвис повторно не можеше да го даде максимумот за Лејкерси, тој по само пет ипол минути игра го напушти теренот и повеќе не се враќаше поради повредата на препоните.
Букер натпреварот го заврши со 47 постигнати поени, Џеј Краудер имаше 17 поени за Феникс кој за прв пат од 2010 година ќе игра во втората рунда од плеј-офот.

Кај Лејкерси, Леброн Џејмс постигна 29 поени, додека Денис Шрудер даде 20 поени.
Интересно е што три екипи кои минатата сезона играа во финалето на конференциите се елиминирани, ЛА Лејкерс, Мајами хит и Бостон Селтикс, единствено Денвер остана во трката за титулата.

Денвер нагетс благодарение на својот најдобар играч, Никола Јокиќ успеа да го победи Портланд со 126:115 и да триумфира во плеј-оф серијата со 4:2 во победи. Јокиќ натпреварот го заврши со 36 поени и осум скокови.
Во првата четвртина блескаше Мајкл Портер кој даде 22 поени, но Портланд се врати во третата кога дојде до предност од 14 поени. Но, од тие моменти одговорноста ја презеде Никола Јокиќ кој го однесе својот тим до победата која значеше и пласман во следната рунда.
Нареден противник на Денвер ќе му биде токму Феникс санс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот