ВИДЕО: „Шампионе, шампионе“, Интер ја слави титулата во Серија А!

epa09174178 FC Inter supporters celebrate in Piazza del Duomo the victory of the Italian Serie A (Scudetto) in Milan, Italy, 02 May 2021. Inter won the 19th title of his history and the first since 2009-2010 season. EPA-EFE/Mourad Balti Touati

И денеска „нераѕурите“ го славеа освоеното Скудетото за сезонава (2020/2021) во најсилното италијанско првенство.

Во „Апијано Џентиле“, тренинг базата на Интер, радоста ја делеше секако и претседателот на клубот Стивен Жaнг, а потоа сите направија и тимска фотографија.

Фудбалерите имаа слободен ден во неделата, после ремито на најголемиот конкурент Аталанта (1:1) со Сасуоло и математички го обезбедија првото место Серија А.

На видео записот кој го сподели миланскиот клуб ечи „Шампионе, шампионе“…

До крајот на сезоната играчите на тренерот Антонио Конте имаат уште три натпревари, против Рома, Јувентус и Удинезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот