ВИДЕО: Шалке испадна од Бундеслигата по точно 30 години

epa09148331 Benjamin Stambouli of FC Schalke 04 reacts after the German Bundesliga soccer match between Arminia Bielefeld and FC Schalke 04 at Schueco Arena in Bielefeld, Germany, 20 April 2021. EPA-EFE/Frederic Scheidemann / POOL DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Екипата на Шалке за прв пат од 1991 година испадна од најсилната германска лига.
Поранешниот германски шампион во 30. коло од Бундеслигата загуби со 1:0 на гостувањето кај Арминиија и ги загуби сите шанси за опстанок. Голот кој го испрати Шалке во Цвајта го постигна Клос во 50. минута, а истиот играч во финишот промаши пенал.

Шалке уште на крајот од минатата сезона западна во големи финансиски проблеми поради кои си заминаа најдобрите фудбалери, па не чуди тоа што оваа сезона, екипата во 30 натпревари во Бундеслигата оствари само две победи.

Баерн Минхен го искористи киксот на Лајпциг и по победата над Баер Леверкузен од 2:0 дојде на плус 10 на четири кола до крајот. Доколку во следното коло оствари победа на гостувањето кај Мајнц, тогаш ќе и дефинитивно ќе ја освои титулата.
Вечерва победата на баварците му ја донеса Чупо-Мотинг  и Кимих со головите во седмата, односно 13. минута.
Лајпциг загуби на гостувањето кај Келн со 2:1, а човек на одлука беше Хектор кој ги постигна двата гола за домашниот тим.


Резултати:
Келн – Лајпциг 2:1
Арминија – Шалке 1:0
Баерн М. – Баер Лев. 2:0
Ајнтрахт – Аугсбург 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот