ВИДЕО | Шаќири: Скопје ќе добие пречистителна станица

техничкиот директор на ЈП Водовод и канализација Линдита Шаќири
Линдита Шаќири, технички директор на ЈП Водовод и канализација / Утрински брифинг

Јавното претпријатие Водовод и канализација со грант од ЕБОР имплементира студијата за испитување на состојбата со канализациската мрежа во Скопје.

Изведбата на студијата и практичната примена на наодите од неа, директно ќе доведат до подобрување на процесот на одводнување на отпадните води во градот Скопје, но за каква студија станува збор и што се со неа ќе биде опфатено во Утрински брифинг разговаравме со техничкиот директор на ЈП Водовод и канализација Линдита Шаќири.

-Во рамките на спроведувањето на еден од поголемите и капитални проекти и во Градот Скопје и во нашата држава е изградбата на прочистителна станица во Град Скопје, за која во тек се тендерските постапки. Во рамките на тој проект се работи студија за испитување на состојбата на канализационата мрежа во Скопје, појаснува таа.

-Студијата е финасирана од ЕБОР. Грант средствата се некаде околу 650.000 евра и во рамките на таа студија која ќе трае една година ќе се опфати целокупната мрежа во Град Скопје, што значи испитување на нејзината состојба, дали има инфилтрација односно диви приклучоци, бидејќи верувајте и дека и влезот на атмосферската вода во канализационата мрежа за отпадни води, но и дивите приклучоци во голема мера ја усложнуваат работата и на целокупната канализациона мрежа, но и на идната прочистителна во Скопје, вели Шаќири за Утрински брифинг.

-Активностите постојано се спроведуваат на терен и целта во текот на една година да биде изведбата, бидејќи треба да се анализираат сите четири годишни сезони- и сушен период и помалку влажен, но и влажен период, за да видиме дали во канализиционата мрежа за отпадни води дали постои инфилтрација на чиста или атмосферска вода, бидејќи во нашиот град системот е комбиниран, но во иднина ЈП Водовод и канализација, а тоа се препораките и на ЕУ, а тоа е да се врши одвојување на атмосферската и канализационата мрежа. Се поставуваат мијачи во шахтите и се врши мерење на евентуален доток на чиста вода, вели Шаќири.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот