ВИДЕО | Шахпаска: Законот за прогласување на недела за неработен ден е драфт верзија, очекуваме повратна информација од министерствата

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска одржа прес-конфереција во Владата, каде истакна информации за новиот Закон за прогласување на недела како неработен ден.

-Законот за прогласување на недела како нербаотен ден е всушност измена на Законот за работни односи во членот 134, каде што дефинираме дека недела е неработен ден, доколку со друг закон или колективен договор поинаку не е решено. Тоа е главана измена која е предвидена во законот за работни односи, рече Шахпаска.

Законот е драфтиран, нагласи министерката, испратен е до сите министерства.

-Очекуваме повратен одговор од министерстава околу нивни сугестии и дополнувања во овој основен системски закон. Но во подготовките имавме консултации меѓусекторски, меѓуресорски, со различни министерства, и очекуваме заеднички да го изградиме ставот во делот на тоа кои дејности, кои области би биле изземени со овој закон, вели Шахпаска.

Со носењето на овој закон сакаме непречено да озвозможиме функционирање на витално важните функции во државата.

-Тоа значи 24 часовна покриеност на дејностите кои им се од исклучителна важност на граѓаните. Тоа се здравството, полицијата, противпожарните служби, комуналните служби и останатите. Останува да почекаме повратна информација од министерставата- рече Шахпаска.

Нацрт-законот ќе биде објавен на ЕНЕР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот