ВИДЕО | Шахпаска: Борба против дискриминацијата- еднакви права и слободи на сите граѓани

Фото: Слободен печат

Собранието на Република Северна Македонија со 70 гласа „за” го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација. Усвојувањето на овој закон е од исклучително значење пред се за граѓаните, напиша денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на својот фејсбук-профил по донесувањето на Законот.

Тој, како што вели Шахпаска, јасно ги дефинира основите на дискриминација, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, во согласност со меѓународните стандарди и европската регулатива.

Воедно, пишува министерката, тој ја регулира и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како независно тело составено од професионалци од областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата.

Собранието вчера во рамки на 19. седница со 70 гласа „за” го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Законот обезбедува принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи.

Собранието го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот