ВИДЕО | Северина падна на сцената за време на концерт во Врњачка Бања: Вредеше

северина
Фото: Принтскрин / Instagram

Популарната хрватска пејачка Северина одржа концерт во Врњачка Бања, и доживеа мала незгода, која, за среќа, помина без поголеми последици.

За време на концертот, пејачката танцувала и скокнала, а потоа се сопнала од звучникот зад неа и паднала. Со широка насмевка, додека момците од бендот ѝ помогнале да стане, Северина станала и продолжила со концертот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Таа на својот инстаграм-профил сподели видео од падот.

„Еве сега концертот заврши, беше фантастично. Малку си го повредив грбот, но вредеше, како што би рекле луѓето, вредеше“, истакна Северина.

Вредеше… Заради вас 20.000 под чадори. Ви благодарам Врњачка Бања“, напиша Северина во описот на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот