ВИДЕО: Серија нови силни земјотреси вечерва во Грција, во Нов Зеланд аларм за цунами

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала во близина на Лариса, Грција беше почувствуван вечерва во 19.38 часот,  а беше почувствуван и во Северна Македонија.

Уште еден силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Нов Зеланд, пишува „Нов Зеланд Хералд“.

Епицентарот на земјотресот бил под островот Кермадек.

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денес го погоди Нов Зеланд и беше издадено предупредување за цунами. Брановите на цунами може да се формираат на 270 километри од епицентарот на земјотресот, објави Пацифичкиот центар за предупредување за цунами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот