Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

ВИДЕО | Серија А ја покажа мајсторијата на Елмас и од друг агол: Мастер класа!

Репрезентативецот на Македонија го постигна својот прв гол во дресот на Торино по враќањето во Италија, но за жал тој не беше доволен неговиот тим да го избегне поразот од Болоња (3:2).

Елмас постигна гол во 62. минута за водство на Торино од 2:1, Болоња сепак до крајот успеа да го сврти резултатот и да победи со 2:3. Голот кој го постигна македонскиот репрезентативец беше мала мајсторија откако прво ја турна топката низ нозете на еден противнички играч, а потоа и одлично го префрли голманот.

Тоа не пропуштија да го истакнат и од Серија А опишувајќи го Елмас како „Мастер класа“, но го прикажаа погодокот и од друг агол.

@seriea È tornato Eljif Elmas 😮‍💨😮‍💨 #tiktokfootball #tiktokcalcio #torino #elmas #macedonia #skills #footballedit #seriea ♬ som original – Shelby Company

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот