ВИДЕО | Серафимов стрелаше за победа на Македонија против Летонија

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во петтиот натпревар од Ц сегментот во Лигата на нации, македонската фудбалска А-репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје славеше со 1:0 против Летонија.

Единствениот погодок за нашата репрезентација го реализираше Никола Серафимов во 57 минута од средбата. Тоа е прв гол за Серафимов во сениорскиот национален дрес.

Стартниот состав на Македонија: Димитриевски, Алиоски, Зајков, Серафимов, Димоски, Барди, Алими, Елмас, Трајковски, Миовски, Чурлинов. Настапија и Ќамили, Ристовски, Митровски, Велковски и Ашковски.

На тој начин нашите најдобри фудбалери го потврдија пласманот во повисокиот ранг Б од натпреварувањето.

Во истата група претходно селекцијата на Фарски Острови направи изненадување славејќи против Ерменија со 1:0.

По пет кола, Македонија е на првото место во групата 4 со 13 бодови, пред Фарски Острови со шест, а по четири имаат Ерменија и Летонија.

Во последниот, шести дуел, кој исто така ќе се игра во Скопје, Македонија ќе ја пречека репрезентацијата на Фарски Острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот