ВИДЕО: Сензација во „Ла Лига“, ниту Реал не може да го запре Хетафе

Хетафе веќе пет мечеви не знае за пораз во „Ла Лига“/Хетафе, Мадрид, Шпанија/2 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Денеска во 19 коло од најсилното шпанско првенство екипата на Хетафе приреди изненадување совладувајќи го Реал Мадрид со 1:0.

Тоа е само втор пораз за „кралевите“ сезонава, но и натаму се на водечкото место со 46 бодови, осум повеќе од Севиља која има два меча помалку.

За Хетафе овој триумф е исто така добредојден во борбата за опстанок во „Ла Лига“. Инаку овој тим не знае за пораз веќе два месеци.

Во првенството на претходните пет средби има три нерешени и две победи остварени на последните два натпревари, за моментно 16 место со 18 бодови.

Единствениот погодок за триумф на Хетафе против „кралевите“ на „Колисеум Алфонсо Перез“ го постигна Унал во деветтата минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот