ВИДЕО: Сензација во Бундеслигата, Баерн изненаден во баварското дерби

Три големи бода за Аугсбург во борбата за опстанок во Бундеслигата/Аугсбург, Германија/19 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Фудбалерите на Аугсбург направија големо изненадување со победата на домашен терен над Баерн од Минхен (2:1) во рамките од 12 коло во најсилното германско првенство.

Ова баварско дерби од претходните неколку години најмногу му припаѓаше на повеќекратниот шампион во Бундеслигата, но тоа вечерва се смени.

Аугсбург целосно го изненади фаворизираниот ривал во првото полувреме и во 23 и 36 минута му упати удари од кои не се созема.

Најпрво Мануел Нојер беше совладан од Мадс Педерсен, а потоа и од Андре Хан и беше шокантни 2:0 за домаќините. Првиот стрелец на лигата Роберт Левандовски намали и ја врати надежта во 38 минута, но тоа беше сè од гостите.

Баерн напаѓаше до крајот, но не успеа да дојде до бод, што секако е големо изненадување. Баерн и натаму е прв и таму ќе остане со 29 бода, но до него би можел да се доближи составот на Борусија Дортмунд доколку во сабота биде подобар од Штутгарт. Аугсбург избега од зоната за испаѓање и моментно е на 15 позиција на табелата со 12 бода.

Бундес лига, 12. коло

Петок

Аугсбург – Баерн Минхен 2:1 (2:1)

Сабота:
15.30 часот Арминија – Волфсбург
15.30 часот Баер Леверкузен – Бохум
15.30 часот Б. Менхенгладбах – Гројтер Фурт
15.30 часот Б. Дортмунд – Штутгарт
15.30 часот Хофенхајм – Лајпциг
18.30 часот Унион Берлин – Херта

Недела:
15.30 часот Фрајбург – Ајнтрахт
17.30 часот Мајнц – Келн

Табела: Баерн Минхен 28 бодови, Борусија Дортмунд 24, Фрајбург 22, Волфсбург 19, Лајпциг 18, Баер Леверкузен 18…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот