ВИДЕО: Сензација во Астана, Казахстан од 0:2 до 3:2 против Данска

Фудбалерите на Казахстан приредија изненадување во првото коло од групата „Х“ во квалификациите за ЕП 2024 откако на домашен терен со 3:2 ја совладаа Данска.
Данците по првото полувреме на стадионот во Астана водеа со 0:2, погодоците беа дело на Хојлунд во 21 и 36 минута.
Казахстан во вториот дел направи целосен пресврт, во 73 минута негативата ја намали Зајнутдинов од пенал.
Па, израмни Тагиберген во 86 минута, а 180 секунди подоцна конечниот епилог го постави Ајмбетов.
Моментно на табелата во оваа група по три бодови имаат Северна Ирска, Данска, Словенија и Казахстан, а ниту еден Финска и Сан Марино.