ВИДЕО | Семејствата во шок и со солзи се простуваат од загинатите во автобуската несреќа

тела починати аеродром
На Скопскиот аеродром пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа/ Foto: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Семејствата кои дојдоа на скопскиот аеродром се во шок, неверување и солзи додека македонските војници ги пренесуваат со највисоки државни почести посмртните останки во погребалните возила.

Последна почит, оддаваат премиерот Зоран Заев, шефот на државата Стево Пендаровски, домашни и странски делегации и роднини на загинатите. Присутни се и претставници на Исламската верска заедница, како и Македонската православна црква.

Телата на загинатите со 45 погребални возила ќе бидат пренесени кај семејствата, а потоа погребани.

На церемонијата, покрај високи државни функционери, присуствуваат и високи претставници од соседните земји, меѓу кои и претседателката на Косово, Вјоса Османи, министерот за внатрешни работи на Албанија, Бленди Чучи, претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола и други.

Тишината зборува за тагата: На плоштадот „Скендербег“ поставени букети цвеќе за оддавање почит на жртвите од сообраќајната несреќа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот