ВИДЕО | Селин Дион расплакана откри: Боледувам од неизлечива болест

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На музичката дива Селин Дион ѝ е дијагностицирано ретко нарушување, SPS (Stiff Person Syndrome), синдром на вкочанета личност, што предизвикува неконтролирана мускулна напнатост.

Тешката дијагноза Селин ја сподели со јавноста во видеото што го објави на Инстаграм.

Станува збор за ретко невролошко заболување кое обично прогресивно напредува и може да доведе до вкочанетост на целото тело, а со тоа и до неподвижност на засегнатата личност.

Болеста засега сѐ уште е неизлечива, но напредокот може да се забави со третмани, а Селин во видеото открива дека прави сѐ што може на овој план.

Расплаканата Селин откри и дека поради болеста ја откажува европската турнеја, во склоп на која требаше да настапи и во Загреб, Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)


„Поздрав до сите, жал ми е што ми требаше толку време за да ви се обратам. Многу ми недостигате и едвај чекам повторно да разговарам со вас од сцената“, им се обрати пејачката на своите фанови на почетокот на видеото, кое многумина расплака.

„Отсекогаш сум била како отворена книга, но досега не бев подготвена да зборувам за ова. Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот. Барем сега разбирам зошто имам грчеви. За жал, грчевите ми го нарушуваат секојдневниот живот. Понекогаш не можам да одам, понекогаш не можам да зборувам или да пеам. Многу ми е жал, но не верувам дека ќе успеам да ја започнам турнејата во февруари следната година. Работам со најдобрите лекари и спортски лекари за да си ја вратам силата и способноста за повторно да настапувам, но морам да признаам дека тоа е тешка борба“, рекла Селин и продолжила.

„Додека сè уште учиме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа е причината за грчевите од кои страдав“, истакна таа.

„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот живот и ми отежнуваат да се движам наоколу и не ми дозволуваат да ги користам моите гласовни способности на кои сум навикната. Тешко ми е што морам да ви кажам дека тоа значи дека нема да бидам подготвена да ја продолжам мојата европска турнеја во февруари, како што беше претходно најавено“, рекла Селин.

Пејачката откри и дека за неа се грижи одличен тим лекари, кои ѝ помагаат да закрепне, а истакна и дека има голема поддршка и помош од своите деца.

На крајот додаде дека сега треба да се фокусира само на своето здравје за повторно да застане на сцената и да го работи она што најмногу го сака.

„Ве сакам и се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно“, им порача таа на обожавателите кои ја опсипуваат со пораки за поддршка и утеха во коментарите.

Селин првпат ги загрижи обожавателите во јануари кога објави дека го одложува северноамериканскиот дел од нејзината турнеја „Courage“ поради константните здравствени проблеми.

„Срцето ми е скршено. Јас и мојот тим работевме на подготовките за настапите во последните осум месеци и страшно ме растажува што не можам да ги одржам“, им рече тогаш таа на обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)


Ѕвездата од Квебек, Канада, мораше да ја одложи својата турнеја првпат поради пандемијата, а потоа ги одложи и настапите во Лас Вегас помеѓу ноември 2021 година и февруари 2022 година. Пред избувнувањето на пандемијата во март 2020 година, Селин Дион изведе дури 52 претстави.

Селин Дион не може да стане од кревет: Здравствената состојба на пејачката се влошува

ФОТО | Селин Дион со жалење официјално објави: Ја откажувам светската турнеја, не се чувствувам добро!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот