ВИДЕО | Селими: Без разлика на задкулисните пазарења на коалициите, Владата ќе преживее по вториот круг

Сафер Селими / Утрински брифинг

На Локалните избори секогаш се случуваат да имаме некакви метаморфози или некакви мутации на постоечките коалиции во централно ниво. Тоа не е прв случај. Во Гостивар постоеше коалцијаија и пред тоа помеѓу АА и ВМРО ДПМНЕ, а дополнително на тоа во локалната власт учествуваше и движењето БЕСА, што е многу поразлична во коалициите на локално ниво, изјави за Утрински брифинг аналитичарот Сафер Селими.

-Тоа што е интересно и вреди да е коментира е неконзистентноста на политиччките партии и политиччарите во однос на нивните ставови и на тоа што зборуваат додека не легнат „во ист кревет“. После тоа имаме веднаш промена на ставовите, вели тој.

-Тоа се случуваше и со СДСМ во парламентарните избори, тоа го гледаме и со АА и ВМРО ДПМНЕ сега, додава Селими.

-Интересно сега е влегувањето во сите овие кавги и дебати на движењето БЕСА која ја комплицира кампањата, додаде Селими.

-Може да се забележи дека кампањите во првиот и вториот круг се многу поразлични, а и коалициите исто така. Веќе не станува збор за ветувањата на кандидатите што ќе прават за градот, туку повеќе тежина добиваат задкулисните пазарења помеѓу политичките партии, вели Селими.

Целиот разговор погледенте го видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот