ВИДЕО | Селена Гомез во жестока расправија со обезбедувањето на концерт на Бијонсе

Фото: Instagram/ Selena Gomes

Пејачката Селена Гомез пред спектакуларниот концерт на Бијонсе му се развика на вработениот во обезбедувањето кој грубо се однесуваше со нејзините обожаватели, пренесува „Индепендент“.

Имено, на виралното видео се гледа како пејачката и актерка жестоко се расправа со маж пред концертот на Бијонсе на „Стад де Франс“ во Париз.

Таа му се развикала на човекот, за кој не се знае дали е нејзино обезбедување или службено лице од настанот. Тој бил забележан како ја следи во текот на целиот концерт.

Се претпоставува дека гневниот испад на пејачката е реакција за грубиот однос на обезбедувањето кон обожавателите кои сакале да ѝ пријдат. Со овој потег, изгледа, само сакала да ги заштити своите обожаватели со кои е во многу блиски односи и има бројни заеднички фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот