ВИДЕO | Села: Загрижени сме за Кастриот Реџепи

Зијадин Села дава изјава во Собранието / 11 ноември 2021 / фото:МИА.мк/принтскрин

Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, изјави дека стравува за безбедноста на граѓаните, испровоциран од отсуството на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи денеска, на денот на којшто требаше да се гласа недоверба на Владата.

„Кога ова ни се случува во законодавниот дом, тогаш што да очекуваат граѓаните за својата безбедност” изјави Села, сомневајќи се дека неговиот колега по сопствено убедување не е присутен во Собранието.

„Ова денеска што се случува е доказ за тоа што го реков пред да влезам во Собранието, дека денеска паѓа Владата и најпосле граѓаните ќе се ослободат. Во меѓувреме додека ние уште зборуваме не знаеме каде е еден пратеник, каде се наоѓа. Тоа го кажувам од човечки аспект, сите што имаат хуманост и пред да бидат политичари и пратеници, без разлика како ќе гласаат, треба да бидат загрижени дека имаме само еден Фејсбук статус, а немаме ни глас ни физичко присуство на Кастриот Реџепи. Најважно во моментот е и тој и неговата фамилија да бидат безбедни, а за тоа треба одговор да дадат институциите на државата“, порача Села.

Тој вели дека сите треба да се запрашаат дали е безбеден овој човек, пред да зборуваат за нова власт или ново мнозинство,.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот