ВИДЕО | Секуловски од ЗНМ: Работата на новинарите и снимателите не смее да се попречува

Во текот на викендот имавме пријави во ЗНМ и во ССНМ дека во кругот на ГОБ 8 Септември во Скопје медиумите биле спречени во известувањето. Имавме реакција со која ја осудивме ваквата постапка и укажавме дека не смее да биде попречувана работата на медиумите особена за тема за која има јавен интерес, изјави во Утрински брифинг, директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

-Како одговор на нашата реакција имавме покана од министерот Филипче да присуствуваме на разговор каде министерот ни појасни дека не постои формална одлука за снимање во кругот на јавните здравствени установи и воедно ни укажа дека се прават напори да се истражат овие попречувања на работата на новинарите и снимателите“, вели Секуловски.

Ние ќе инсистираме како професионално новинарско здружение да има одговорност за лицата кои што ја попречувале работата на новинарите, но и на оние кои им дале таква насока, вели Секуловски и додава дека од она што до сега се дознало станува збор за припадници на приватно обезбедување.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот