ВИДЕО | Секуловски: Неоснованото одбивање на тужбите на новинарите за инцидентите од 27 април е доказ за селективната правда

Фото: youtube/printscreen

Основниот граѓански суд во Скопје, ја одби тужбата за спреченост на правото на информирање на граѓаните како и за нематеријална штета за претрпен страв и душевна болка на Горан Трпеноски кој за време на инцидентите од Собранието на 27 април 2017 година, како новинар известуваше за онлајн медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК (sdk.mk).

Во пресудата, судијата Јованка Спировска Панева, образложува дека во тоа време Трпеновски не бил новинар бидејќи работел во онлајн медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК кој пак според Закон за медиуми, според судија Панева не се смета за медиум. Освен ова, дополнително судот во оваа пресуда не го признава правото на информирање како уставна категорија, оценувајќи дека во тоа време колегата Трпеновски бил спречен да ја информира македонската јавноста за случувањата во Собранието, а следствено на тоа нема право на штета.

Европската федерација на новинари (ЕФН ) и Здружението на новинарите (ЗНМ) оценуваат дека оваа судска пресуда е проблематична од неколку аспекти.

-Темите кои ги засегаат новинарите, истите имаат и поширок интерес. Повредата на правата на новинарите во основа претставува и повреда на правото на информирање на секој граѓанин. Неоснованото одбивање на тужбите на новинарите од страна на Основниот граѓански суд во Скопје, за инцидентите од 27 април е доказ за селективната правда. Да се потсетиме дека обвинителството по службена должност покрена постапки во име на политичарите за нивните нпаѓачи и сега најголем дел од нив издржуваат затворска кана. Од друга страна новинарите беа оставени сами да тужат со цел да ги заштитат не само нивните права, туку и правата на граѓаните д абидат информирани. Оваа пресуда на судот во Скопје во која се одбива тужбата на колегата Трпеноски, го негира правото да добие надомест на нематирајална за претрпен страв, како и за повреда на слободата на изразување со што се отвораат најмалку два проблема, изјави во Утрински брифинг извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот