ВИДЕО | Секуловски: Културата не неказнивост опстојува, потребна е посилна посветеност

Фото: youtube/printscreen

Во последниот извештај на Репортери без граници за сите земји во светот, Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс, но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите.

Организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите нагласува дека ситуацијата со медиумите се влошува во сѐ повеќе земји во светот и дека пандемијата од Ковид-19 се злоупотреби за да се ограничи работата на новинарите.

Најдобро котирана останува Норвешка петта година по ред, следуваат Финска, Данска и Шведска. На дното се Северна Кореа на 179-то место, потоа Туркменистан и Кина.

Северна Македонија од 92 се искачи на 90-то место во глобалниот индекс, но описот на состојбата е критичен за 2020 година, а земјата е полошо пласирана од Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, но подобро од Србија, Црна Гора и Бугарија.

-Добро е што во 2020 немаше некое масовно отпуштање на новинари. Имаше мерки од владата наменети за самите медиуми – како плаќање на давачките, плаќање на придонесите , некој ќе рече дека не биле битни мерки, но кога ќе ги видиме резултатите на крај сепак се помогна да не се отпуштаат новинарите. Останува факт дека треба да се покачи платата кај новинарите, изјави за Утрински брифинг Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ.

ЗНМ во минатото секогаш кога имало интерес од одреден сектор во медиумскиот пејзаж сме се труделе да ги поттикнеме да е организираат во посебно здружение. Конкретно во делот за печатени медиуми ЗНМ помогна да се оснива тоа здружение и тие веќе трета година користат поддршка од страна на државата, бидејќи се воспоставија јасни критериуми. Печатените медиуми најмногу настрадаа со процесот на дигитализација и прашњето беше дали сакаме да постојат или не. Од денешна перспектива – да помагаат тие субвенции за да се задоволи љубопитноста на читателската публика. Битно е да постојат весници, имаме граѓани и граѓанки кои сакаат да читаат весници, вели Секуловски.

Околу извештајот на Репортери без граници, Секуловски вели дека Северна Македонија во делот на извештаите во последните неколку години, иако бележи благ пораст, тапка во место, бидејќи другите земји во регионот одат подоле.

-Зошто немаме некој силен прогрес има неколку причини – ако се разгледува методологијата на подготовка на извештајот, тие комбинираат податоци помеѓу собрани информации од група на експерти врз основа на детални прашалници и тоа се квалитативни информации и потоа ги земаат квантитативни врз основа на 7 индикатори од истражувања што ги земаат од разни организации и медиумите. Во тие 7 индикатори меѓу побитните се плурализмот, медиумската независност, дали има изразени примери на аавтоцензура, законската рамка, колку се транспарентни институциите, како се поставени медиумите – дали се продуцираат вести на транспарентен начин или не, и последната е злоупотреби. Последното е многу битно, бидејќи во овој дел може да имете многу добри резултати во претходните шест категории, но ако имате новинар во затвор, голем степен на неказнивост, и затоа во самиот извештај се вели дека опстојува културата на неказнивост, вели Секуловски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот