ВИДЕО: „Секое утро сам си ги пеглам кошулите, и тоа од мајка ми ми е останато“ – Градоначалникот Шилегов во поразлично издание

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во приватен контекст за „Репортер“ тврди дека Дино Мерлин е најдобрата Нова година што му се случила на Скопје, зборува за бунтовничкиот карактер кој сè уште го носи во себе и поради кој вози електричен тротинет низ градот. 

„Па сега кога ќе слушнам, волку пари биле потрошени, онолку… А за првпат се случи за Нова година да нема слободна хотелска соба во градов. А, да не зборам колку пари потрошија туристите”, рече Шилегов зборувајќи за исходот од концертот на познатиот пејач Дино Мерлин.

youtube
принтскрин/youtube

Тој вели дека ќе се кандидира за втор мандат и е сигурен дека пак ќе биде избран за градоначалник од есен.

Од Дино Мерлин и скопските новогодишни прослави, интервјуто се префрла на познатиот рокерски вкус за музика на градоначалникот, кој за себе вели дека е „дете на 80тите“ кој реферира на музичките плочи како на сликовници.

„Јас сум рокенрол-тип, сакам и блуз и искрено не сакам турбо-фолк. Тоа секогаш ми било испод радар. Да не ме сфати некој погрешно, сакам убава народна музика, ама не и турбо-фолк. Јас сум фан на Азра и Џони Штулуќ и тие плочи сè уште ги имам дома, па ги слушам. Текстовите и кртитиката на општеството во песните отсекогаш ми се допаѓаа”, објасни Шилегов.

Тој продолжи да зборува за својата младост, бунтовноста и искреноста и како тие карактеристики влијаеле врз неговиот живот

youtubr
принтсктин/youtube

„Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот… сите. Па долгава коса ја скратив да биде панкерска. Сите со плава кецела на школо, јас со работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот”, раскажува скопскиот градоначалник, кој зад себе има адвокатска кариера со која тој планира да продолжи по финализирањето на политичката кариера, како што вели тој – „мора некаде да се вратиш“.

Со ќерката Симона имаат роденден на ист ден, а со сопругата учеле во исто училиште и така се вљубиле – „Како во песната на Балашевиќ, таа имаше панделка во коса, јас бев бунтовникот со долга коса”, раскажува Шилегов.

Тој зборува за Скопје, за градот дека е „нашата голема куќа“, за неговото емотивно дожување на Скопје и колку сака луѓето да го сакаат градот кој тој всушност толку го сака. Градоначалникот објаснува и за скопската чаршија која е најголема во светот, поголема дури и од Капали чаршија

„Па јас со години сам пазарам и немам проблем со тоа. Не сум се родил градоначалник па да ми бидат такви животните навики. Искрено и секое утро сам си ги пеглам кошулите, и тоа од мајка ми ми е останато. За готвење ме бива само во делот на месото, ама знам и тоа добро да го направам”, искрено раскажа Шилегов.

Од разговори за музиката и младоста, Шилегов се отварa за тоа како влијае политичкиот животот врз јавниот и за коментарите по социјалните мрежи „Ние политичарите претерано сме во фокус. Јас сешто дознав за себе. Така и ја почнаа црната кампања против мене. Пијан сум држел говори. И од тогаш ме следи тоа, овој е пијандура. Е добро де, океј. Очајни луѓе коментираат и тоа не ме допира, ама не е добро кога те судат луѓе кои не те знаат. После, зборат, арогантен сум бил. Кога збориш за некој нешто треба да го познаваш. Ама, ете, јас можам да се носам со тоа”, раскажува скопскиот градоначалник.

Тој се надоврзува на тоа дека би било одлично ако фокусот од политичарите се префрли на културниот живот и спортистите и продолжи да зборува за кошарката и фудбалот.

Целото интервју можете да го погледнете во прилог:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот