ВИДЕО | Сејдини: Премиите за УО во ФФМ беа според правилникот, секој е заслужен за Европското

ФФМ е една од најбогатите федерации во државата и тоа благодарение на УЕФА и ФИФА. Во една прилика кажав – сите средства што би ги добиле од Агенција за млади и спорт ние би ги доделиле на клубовите, изјави во Утрински брифинг Мети Сејдини, претседател на ФФМ.

-Ние даваме отчет пред нашите делегати. Нормално дека ФИФА и УЕФА секоја година прават ревизија. Извештаите им ги составуваме. Значи отчет даваме и пред делегатите и пред УЕФА и ФИФА. Погрешна е тезата дека поголемиот дел од средствата одат за плати, а не за инфраструктура. Финасискиот извештај покажува колку ние сме вложиле последните две години во инфраструктурата, додава Сејдини.

Работиме транспарентно, делегатите увидо дека се работи и фудбалот оди во нагорна линија и оттаму доаѓа поддршката за мојот втор мандат.

-ФФМ не е градежна фирма – проектите кои доаѓаат од УЕФА и се наменски за инфраструктура ФФМ тоа го прави. Но не само од наменските ние и од заштедените пари успеавме да вложуваме и да направиме други стадиони – оној во Џепчиште кој е изграден во рекордно време за 70 дена, јужната и источната трибина на стадионот во Кавадарци, смета Сејдини.

ПЦР Тестирање на фудбалерите пред секој натпревар

-Ние побаравме од Влада и од Комисијата за заразни болести да се повлече одлуката за тестирањето, но тоа не успеа. Во моментов третите лиги, младинските категории, женскиот фудбал, футсал, сите паузираат. Единствено функционираат прва и втора лига. ПЦР тестовите клубовите сами треба да си ги платат, но не сите имаат можност. Едно коло нас како ФФМ не чини отприлика 50.000 евра за ПЦР тестови, вели Сејдини.

Постои ли анимозитет помеѓу ФФМ и селекторот

Кој го продолжи договорот 2019 до крајот на 2020? Лично јас. Договорот на Игор Ангеловски му истекуваше кон крајот на 2019. Јас лично и овој Управен одбор му го продоживме уште за година и 2 месеца до крајот на 2020. Јас ја следев стратегијата, го гледав континуитетот и приоритетот за пласман на едно големо натпреварување, вели Сејдини.

Интервјуто на Пандев и критиките до ФФМ

Никогаш нема да го сменам мојот став кога се однесува до играчите – тие ја имаат својата работа на терен. Пандев е еден голем фудбалер кој ја радува целата држава. Мене ништо не ме изненадува – јас сум претседател и знам дека секогаш ќе има удар кон мене. Ставот на Пандев е индивидуален став.

Премии кои што луѓето од ФФМ ги доделуваат по одигран натпревар

За да ги стимулирам играчите во циклусот им ветив 80.000 евра за победа, 40.000 за освоен бод. Ние не ги измислуваме правилата околу доделување на средства. Има Федерации каде што претседател и генерален секретар влегуваат со 100% во доделувањето на премиите. Кај нас има правилник за доделување на наградите. За успехот кој го направи репрезентацијата сите сме залужни. Таа ФФМ и тие луѓе во неа ги прават условите, сите што се дел од репрезентацијта да се чувствуваат комфорно, вели Сејдини за Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот