ВИДЕО | „Седмица“ на Аргентина и хет-трик на Меси за едно полувреме

Најдобриот фудбалер во светот во овој момент, Лионел Меси уште еднаш блесна во дресот на Аргентина и постигна хет-трик во пријателскиот натпревар со Курсао кој Аргентинците го добија со 7:0.
Меси стигна до 100. гол во дресот на „Гаучосите“, а сите три гола ги постигна во првото полувреме. Првиот гол на оваа средба беше негов 100. за Аргентина.
Lautaro running it back to the World Cup 😭😭 pic.twitter.com/IJL6fXSFyR
— 🔱ِ (@MbappeStyx) March 28, 2023
Своја вечер немаше Латуаро Мартинез кој уште во втората минута можеше да се запише во листата на стрелци, но не ја смести топката во мрежата на празниот гол пред себе.
Останатите голови за Аргентинците ги постигнаа Гонзалес, Фернандез, Ди Марија и Монтиел.