ВИДЕО | Се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот

Се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот. Се проценува дека во депонијата има повеќе од седум милиони отфрлени гуми, а депонијата се наоѓа во близина на Ал Сулајби во Кувајт.

Густ црн чад може да се види на снимките на социјалните мрежи кои се протегаат со километри, а некои велат дека може да се види дури и преку сателитски снимки. Оваа неверојатна глетка предизвика жестоки реакции кај корисниците ширум светот, и ја видоа милиони луѓе за еден ден. Многумина стравуваат од можното загадување што ќе го предизвика, слично како резултат на климатските промени.

Не можам ни да замислам што ќе направи ова со нашиот воздух, напишал еден корисник.

Во 2013 година, британскиот „Дејли Мејл“ објави извештај во кој се наведува дека секоја година во песочната почва на тој кувајтски град се копаат џиновски дупки и во нив се закопани стари гуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот