ВИДЕО: Се запали автобус на ЈСП во Аеродром

Запален автобус на ЈСП / фото: ТВ Сител/принтскрин

Автобус на скопското Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) се запали вечерва во населбата Аеродром, а патниците се навреме евакуирани и никој не е повреден.

Инцидентот во двокатниот кинески автобус се случи на булеварот „Трета македонска бригада“.

Противпожарната бригада интервенираше со едно возило и го изгасна пожарот кој се појави во задниот дел на автобусот, кај моторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот