ВИДЕО | Се вакцинираат новинари, Орданоски охрабрува: Вакцинирајте се без страв

Вакцинален пунк Борис Трајковски - Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Вакцината е единствено решение за оваа ужасна година и пандемија. Не се сомневам ниту малку во ефикасноста на вакцината и без двоумење се пријавив, поголема е веројатноста да ви падне саксија на глава отколку да имате компликации од вакцината, смета долгогодишниот новинар и уредник на Утрински брифинг, Сашо Орданоски.

Сепак, тој во линковското вклучување од пред СЦ „Борис Трајковски“ каде што се одвива имунизацијата на новинарите и медиумските работници, признава дека има помешани чувства.

-Сметам дека не треба многу да се размислува за изборот на вакцина, јас дури и не знам со која вакцина ќе бидам вакциниран, затоа што верувам дека сите вакцини се ефикасни. Но, и после вакцинирањето јас лично ќе продолжам со висок степен на претпазливо однсесување, што значи и понатаму ќе носам маска и ќе одржувам растојание. А токму поради одговорносто однесување, во редакцијата на Утрински брифинг немаше ниту еден случај на позитивен на Ковид-19 поради самата редакција, рече Орданоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот