ВИДЕО: Сè уште блокирани граничните премини, Вучиќ бара повлекување на Приштина

фото:курир.рс/Немања Николиќ

Србија бара повлекување на косовската полиција од северот на Косово, изјави претседателот Александар Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност. На границите моментално е мирно, а патиштата се уште се блокирани и нема патнички сообраќај освен пеш, пишува КоССев.

„Србија бара повлекување на косовскaта полиција од северот на Косово, ситуацијата да се врати на претходните страни, а потоа да отидеме во Брисел да разговараме за се и ако е можно да се договориме“, рече Вучиќ по седницата на Националната Совет за безбедност.

Грвала: Тензијата на косовско-српската граница е еднострано предизвикана од Србија

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала вели дека одлуката на косовската Влада за реципроцитет со Србија за регистерските таблички е во согласност со договорот што двете срани го потпишале во Брисел.

Според соопштението на косовското МНР, Грвала на средбата со словенечкиот колега, Анже Логар, на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, изјавила дека „тензијата што се предизвика на косовско-српската граница треба да се гледа како еднострано дејствие на Србија”.

Грвала, се наведува во соопшението, побарала од Словенија, како актуелен претседавач на Претседателството на Советот на ЕУ, поддршка за унапредување на европската агенда на Косово, за што добила ветување од Логар.

Вучиќ бара од ЕУ да одговорат дали постои Бриселскиот договор или не

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес конференција, повикувајќи се на заклучоците од таа седница, изјави дека од ЕУ ќе побара во рок од еден месец да и одговори на Србија дали постои Бриселскиот договор или не, што е еден од условите за продолжување на дијалогот, пишува Н1.

ВИДЕО | Андоновиќ: Битка за регистарски таблички на Косово

ВИДЕО | Андоновиќ: Битка за регистарски таблички на Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот