ВИДЕО | Се урна зграда во Лагос од 21 кат, најмалку 50-тина луѓе се заробени

20 жртви во урнатата зграда во Лагос, Нигерија. Фото: Твитер

50-тина луѓе останаа заробени во урнатините откако се сруши 21-катница во Лагос. Зградата од 21 кат се урна околу 15 часот по локално време, а меѓу заробените наводно има и градежни работници. Се чека спасувачките екипи да пристигнат на местото на настанот, јави Си-Ен-Ен.

Зградата се наоѓала во богатиот градски кварт Икоџи, каде што се градат луксузни апартмани.

-Мислев дека е земјотрес, кога набрзина излегов од мојот стан нешто по 15 часот. Почувствував како зградата се движи и знаев дека нешто не е во ред, изјави за Си-Ен-Ен, Олу Апата, кој живее во близина и е претседател на нигериската адвокатска комора.

Како што вели тој, зградата била во градба во последните две години и дека инвеститорот претходно бил на средба со потенцијалните купувачи.

На видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето го гледаат местото на несреќата и купиштата искршени бетонски плочи. На една снимка се гледа дека по уривањето на објектот се крена голем облак прашина кој ја прекри населбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот