ВИДЕО| Се урна авион за гаснење пожари, пилотите преживеаја

принтскрин твитер

Авион „Боинг 737- 300“ се урнал во Западна Австралија, јавуваат локалните медиуми.
Како што се наведува, станува збор за авионот ангажиран во гаснење пожар.

Боингот 737-300 во кој се наоѓале двајца членови на екипажот кој летал над националниот парк Фицџералд се урнал во шумата меѓу Равенсторп и Хопетун, објави порталот AIRLive.

Двајцата пилоти ја преживеале несреќата и успеале да се ослободат од урнатините, но се здобиле со полесни повреди, соопшти локалната полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот