ВИДЕО: Се споија небото и земјата во Неготино, силното невреме поплави деловни објекти и куќи

Фото: Твитер / @Viktorinho / илустрација

Силно невреме со ветер, грмежи и пороен дожд денеска ги зафати Неготино и околината на градот. Поплавени се неколку деловни објекти и куќи, но спречено е општината да остане без струја, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Врнежите беа обилни и истите предизвикаа поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН на која беше реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино за да не дојде до прекин во електроснабдувањето. Исто така во село Дисан има поплава на станбен објект (куќа). ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода. Има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Интрвенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот“, соопшти ЦУК.

Метеоролозите најавија можност за слични силни локални нестабилности кои може да предизвикаа излевање на реките и поплави и во следните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот