ВИДЕО | Се снима турска серија во Скопје: Македонка се вљубува во „забранет“ маж

Balkan Ninnis
Balkan Ninnis / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Објавен е првиот трејлер за серијата „Balkan Ninnisi“ кој летово ќе се емитува во Турција. Првиот трејлер од серијата, која почна да се снима во Скопје минатата недела, привлече големо внимание.

Серијата ја раскажува невозможната љубовна приказна која се случува во Скопје, градот кој го дели реката Вардар, а го поврзува Камениот мост.

Серијата ќе допре до искрените, веселите и забавните приказни на балканските луѓе, а несомнено ќе го привлече вниманието и со својата маестрална актерска екипа. Турските актери Ердал Озијагчилар и Озлем Туркад се во главни улоги, како и Хакан Бојав, Кан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓезде Чигачи, Емине Халил, Ертан Шабан и други.

Невозможната љубов на двајца млади луѓе од различна националност

Турските медиуми пишуваат дека „Balkan Ninnisi“ ја раскажува приказната за љубовта на двајца млади луѓе од различни националности во Скопје кој беше отомански град цели 600 години и каде на едната страна живееја Турци и Албанци, а на другата Македонците.

Режисер е Доган Умит Караџа кој ќе отслика делови од животот на турските и македонските семејства и двајца млади луѓе кои се сакаат до смрт, кои се сретнале во историска палата како пресврт на судбината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @balkan.ninnisi

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот