ВИДЕО | Се слушна ѕвоното во Детската клиника: Малата Ана ја доби борбата со болестите

Вчера уште една приказна успешно заврши во Детската Клиника, откако малата Ана го победи коронавирусот и малигната болест.

Девојчето беше дочекано со аплауз од медицинскиот персонал на клиниката, па заѕвони на ѕвончето во симбол на победата на болеста.

„Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете особено ако станува збор за една опасница Ана, која како од шега отепа една Корона и една досадна малигна болест.
Денеска сите на Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа “Браво Ана – браво Ана ” !
Епа, навистина браво Ана !“, напишаа на Фејсбук од Детската клиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот